Лозано во „Еден на Еден“ откри дека го ограбиле

Расположен и опуштен како никогаш порано на ТВ гостување, Лозано дојде на снимањето на Еден на Еден со Жаре. Во недела, во 18.30 на Канал 5 ќе го гледаме нашиот најпопуларен пејач во едно поинакво издание.

Ексклузивно за Еден на Еден, Лозано раскажа и една непријатна случка, како го ограбиле додека бил на настап и без колку вредни работи останал. Малерот, Жаре успеа да му го разбие со еден магионичарски трик. Лозано уживаше и во интересен квиз што му го подготви екипата на Еден на Еден, а публиката во студиото најмногу во делот кога запеа.

Како музички гости, во оваа емисија ќе ги видиме и „Љубојна“ кои ќе го најават својот концерт и уште еден интересен гостин. Најавата ќе ви открие малку повеќе, а останатото ќе го дознаете во недела, на Канал 5 од 18.30.

Филмот „Врба“ раскажан со рапување во „Еден на Еден“

Оваа недела, во „Еден на Еден“ гостуваат четири актери од хит-филмот „Врба“ на Милчо Манчевски: Сара Климоска, Никола Ристески, Наталија Теодосиева и Благоја Чоревски - Чоре.

Сара и Никола, освен што се партнери во филмот во средновековната приказна се и приватно добри пријатели и колеги од факултет. Тоа најдобро се виде во специјалната рап точка која ја изведоа на крајот на емисијата. Во Freestyle рапот, Никола и Сара на оригинален начин раскажаа дел од приказната на „Врба“.

Наталија Теодосиева, откри дека е поранешна балерина и изведе интересна балетска точка, а легендата Благоја Чоревски- Чоре раскажа многу анегдоти од богатата кариера.

Во недела, на Канал 5, од 18.30 ќе ги гледаме актерите од „Врба“ во едно сосема неочекувано издание. Во меѓувреме, погледнете ја најавата за емисијата:

После Бранко, Мијалков е најдобар за во кафана: Амди Бајрам во „Еден на Еден“

Зошто ниту една власт кај нас не може да опстане без него, и на кој начин тој успева да е близок со секоја власт, се само дел од приказните кои пратеникот Амди Бајрам ги сподели во шоуто „Еден на Еден“.

Жаре му подготви и интересна игра, „Тркало на среќата“ во која господинот Бајрам со еден збор требаше да ги опише своите колеги, политичарите. За нив зборуваше и од друг аспект, кој е најдобар за дружење во кафеана. „После Бранко, Сашо Мијалков“, изјави тој.

Амди Бајрам раскажа и за тоа како премиерот Зоран Заев му простил откако го критикуваше, но има и приказни за поранешниот премиер, Никола Груевски. За него, Амди БАјрам вели дека единствено на ромскиот бал се шетал без обезбедување.

Неизбежна беше темата како се победува на избори, но и многу други работи од неговиот приватен живот кои ги раскажа само во „Еден на Еден“.

Четвртата епизода на шоуто од Сезона 11, ќе ја гледаме во недела, од 18.30 на Канал 5. До тогаш, погледенете ја најавата за емисијата со Амди Бајрам.