Што највеќе се вози во Македонија!?

Фчерашни новости продолжува со емитување на коктел епизоди од најдобрите прилози од изминатите пет сезони. Во епизодата во недела, автомобилскиот експерт Зоран ќе ни демонстрира што највеќе се вози во Македонија, колку е тешко тоа возило да се оддржува и од каде да набавите делови.


Гостите се секогаш добредојдени во Фчерашни новости, па затоа ќе се потсетиме и на едно прекрасно гостување помеѓу двајца случајни добри пријатели. За крај ќе има и спортски активности; во период кога фудбалот е малку подзаборавен кај нас, редно е да се потсетиме на најголемите успеси од втората најважна работа на светот.

Недела 19:30  часот, на Канал 5 телевизија.