Ново

Венко Филипче: Станувам во четири наутро

Министерот Венко Филипче ќе му биде гостин на Жаре, во новата Еден на Еден, во недела од 18.30 на Канал 5. Филипче меѓу многуте лични и професионални приказни, раскажа за тоа како изгледа еден негов обичен ден. „Се будам околу 4-5 наутро. Така сум попродуктивен“, му рече тој на Жаре.

Министерот раскажа за своите прогнози и даде анализа за понатамошното справување со вирусот Ковид-19, кој спорт и кои филмови му се омилени, и за тоа и каква музика слушал во операциона сала.

„Јас сум бил во операциона сала на сите континенти освен во Австралија, и секаде зависи од договорот во тимот“, рече министерот. По овој одговор, Жаре се пошегува:

„Што ако сестрата сака да го слуша Аца Лукас? Песната „Бајпас“ е веројатно добра за операција“. Во продолжение, погледнете ја најавата за емисијата, и видеото од приказната со музиката која се слуша за време на операција:

Фчерашни новости се отворија во последната епизода

Ретко која емисија може да се пофали дека ја надминала бројката од 100 епизоди, Фчерашни новости е една од тие. Во последната епизода од петтата сезона, тие решија (народски кажано) да ги „отворат картите“.

Ќе може да погледнете ексклузивни интервјуа со голем број „виновници“ кои стојат позади проектот. Ќе дознаете како е да се снимаат Фчерашни; кој ги смислува прилозите; со што се соочуваат ликовите; кои се предизвиците, а кои мааните на секој од нив и на крај што значи фчерашни за секој посебно.

Погледнете ја најавата за 146 епизода на Фчерашни новости. (да толку се вкупно)