Ново

Фчерашни новости се отворија во последната епизода

Ретко која емисија може да се пофали дека ја надминала бројката од 100 епизоди, Фчерашни новости е една од тие. Во последната епизода од петтата сезона, тие решија (народски кажано) да ги „отворат картите“.

Ќе може да погледнете ексклузивни интервјуа со голем број „виновници“ кои стојат позади проектот. Ќе дознаете како е да се снимаат Фчерашни; кој ги смислува прилозите; со што се соочуваат ликовите; кои се предизвиците, а кои мааните на секој од нив и на крај што значи фчерашни за секој посебно.

Погледнете ја најавата за 146 епизода на Фчерашни новости. (да толку се вкупно)

PEUGEOT МОБИЛИЗИРАНИ ЗА ВАС!

Компанијата Еуроимпекс, генерален увозник за Брендот Peugeot во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија ги известува своите клиенти за акцијата „Мобилизирани за вас“.

Со намалување од 15% акцијата опфаќа комплетен клима третман и 20 проверки на возилото, или подетално:

  • промена на филтерот за полен;
  • дезинфекција на системот за вентилација;
  • промена на разладен флуид R134A;
  • 20 надворешни и внатрешни проверки на возилото, вклучувајќи и проверка на акумулаторот.

За нас здравјето и благосостојбата на нашите вработени и клиенти е приоритет број еден. Сите продажно сервисни локации на Peugeot во земјава не престанаа со работа, ние сме отворени за клиенти и со задоволство ќе помогнеме при сите барања во врска со купување на ново или со сервисирање на возило.

При тоа, секако дека ги почитуваме препораките и одржуваме безбедна дистанца. Сите во PEUGEOT сме фокусирани да Ви овозможиме безбедно искуство со нас“. – изјави Зоран Серафимовски, Извршен директор на Еуроимпекс.

Со оваа акција, од Еуроимпекс очекуваат дека ќе им го олеснат процесот на своите клиенти во одржување и грижа за своето возило, и веруваат дека ќе им обезбедат безгрижни денови за периодот кој следи.

Системот за вентилација е простор во кој се размножуваат микроорганизми и бактерии. Па следствено на тоа, потребно е да се одржува во уредна состојба. Се препорачува еднаш годишно, најчесто пред користење на функцијата „ладење“, да се изврши дезинфекција на системот за вентилација и се промени кабинскиот филтер. Преку оваа операција ќе го заштитите вашето здравје и воедно ќе се елиминира непријатната миризба која се чувствува во кабината.

COVID-19 | Нашиот тим останува на Ваше располагање, побарајте термин за сервисирање на Вашето возило.