Ново

Како ќе се оди на одмор во Грција ова лето!?

Во недостиг на експерти по телевизија, Фчерашни новости најде експерт од Грција кој ќе го одговори најпоставуваното прашање меѓу граѓаните овој период, како ќе се оди на одмор во Грција ова лето, кои мерки треба да се почитуваат, кој прв ќе стави пешкир на плажа има право цел ден да седи, каков е пасвордот за вифи на кафичот и слично.

Во претпоследната епизода за оваа сезона, ќе џускаме на вонвременските хитови на „Карантин Бенд“ кој на големо се подготвува за турнеја од дома, ама повеќе детали за тоа ќе откриеме во некоја наредна прилика.

Ќе гледаме и еден спот на МВР, колку време се спремаше истиот, кој е одговорен за кореографијата, зошто на едната кола не и работи фарот, кој се учествуваше во спотот, а кој не и зошто така.

Погледнете ја најавата за претпоследната епизода за оваа сезона.

Живеев со баба- цимер: Маријан Ѓорѓиевски во Еден на Еден

Како изгледа тоа кога стендап се прави на пазар, меѓу тезги, или пак на пауза на турнир на мал фудбал, знае стендап комичарот Маријан Ѓорѓиевски.

Маријан ќе биде гостин во новата Еден на Еден кај Жаре, во недела од 18.30 на Канал 5. Оваа емисија е снимена во студио, уште пред да започне пандемијата поради коронавирусот, и ќе се емитува во време кога на сите ни е потребно смеење и добро расположение.

Битолскиот актер ќе раскаже и времето кога за првпат дошол да живее во Скопје и цимерка му била една постара госпоѓа. Една од интересните негови приказни е искуството од патувањето во Уганда. Со Маријан никогаш не е здодевно, а дел од она што ќе го гледаме во недела, погледнете во приказната за бабата-цимер: