Ново

Како Македонците го прославија првиот изолациски први мај!?

Први мај не е само борба за правата на работниците. Први мај е и традиција за секој Македонец, а оваа година за првпат тој требаше да биде прославен со изолациски манири. По тој повод Фчерашни новости излегоа на ливада за да видат како граѓаните го прославија овој голем празник на правата, скарата и алкохолот.

Од други посериозни вести, вчера можевте да видите како изгледа една современа македонска басна. Зошто зајакот, лисицата и волкот одат кај една жена претставник на работничката класа и што сакаат тие од неа?

Свадби мора да се прават, било тоа корона или не, не битно. Сватовите седнаа на маса заедно со младите за да договорат кој се ќе биде присутен и кои правила за изолација треба да бидат вметнати во прославата. За пирошката ништо не рекоа. Изгледа ќе има.
Повелете целата епизода од вчера.

Како се прави свадба во време на корона вирус!?

Додека сите се прашуваат како сега ќе изгледа славењето на најдрагоцениот момент за еден пар, кој решил да го овековечи моментот на љубов пред сите роднини и пријатели, то ест правењето свадба, Фчерашни новости излегоа на терен и ја обработија темата надолж и попреку, за да нема недоразбирања нели и се да биде во склоп со препораките на Министерството за здравство и насоките против корона вирусот.

Од добрите вести, за време на првомајските празници нема да бидеме во карантин. Од негативните, може да се прави скара само до два саат на пладне и тоа не сите и тоа на раздалеченост од два метри и со маски, обавезно. Како ќе изгледа тој први мај, е исто така една од битните теми на кои Фчерашни реши да им стави акцент и тоа на третиот слог отпозади.

За најмалите, односно тие што имаат излез само од 12 до 14 часот за време на првомајските празници, Фчерашни подготвија и една басна. Каква е басната, ќе погледнете во недела во 19:30 часот, на Канал 5 телевизија.