Ново

Не секое место е добро за селфи

Има луѓе што се опседнати да направат селфи каде и да се. И тоа не е толку едноставно. Потрагата по добра позадина, со идеална светлина, па се да се фати, не е така лесна. Што и да правите, само немојте како момаков.

Скеч шоу, специјална Еден на Еден за добро расположение

Најинтересните и најгледните скечеви од Жаре и од екипата на Еден на Еден, ќе ги гледаме во специјалната „Еден на Еден“, во недела од 18.30 на Канал 5.

„Мењам козу“, „Јамб коцки со Жарко коцкица“, „Што ако се снимаа во Македонија“, „Во тангентата со Жарко Збрефтов“ , „Неделко Миленко шоу“ се дел од нив, некои постари, некои понови.

Поради новонастанатата состојба со опасноста од ширењето на коронавирусот, претходните две емисии, Жаре ги сними од дома, едната со познати естрадни личности, едната со еминетни доктори.

Во недела, Еден на Еден ќе понуди многу смеење за добро расположение што на сите ни е  потребно во овој период. Погледнете ја најавата што открива дел од емисијата: