Ново

Скеч шоу, специјална Еден на Еден за добро расположение

Најинтересните и најгледните скечеви од Жаре и од екипата на Еден на Еден, ќе ги гледаме во специјалната „Еден на Еден“, во недела од 18.30 на Канал 5.

„Мењам козу“, „Јамб коцки со Жарко коцкица“, „Што ако се снимаа во Македонија“, „Во тангентата со Жарко Збрефтов“ , „Неделко Миленко шоу“ се дел од нив, некои постари, некои понови.

Поради новонастанатата состојба со опасноста од ширењето на коронавирусот, претходните две емисии, Жаре ги сними од дома, едната со познати естрадни личности, едната со еминетни доктори.

Во недела, Еден на Еден ќе понуди многу смеење за добро расположение што на сите ни е  потребно во овој период. Погледнете ја најавата што открива дел од емисијата:

Како изгледа еден полициски час!?

Фчерашни Новости, на барање на своите фанови, ве носат одблиску на улиците на главниот град, со цел да посведочите како изгледа еден полициски час на најпознатото полициско дуо Алфа и Буби. Ќе имате прилика да дознаете што се прават граѓаните за да излезат на воздух во доцните часови!? Кој се шета во ниедно време!? Каков е пристапот на Алфа и Буби!? Кои методи се користат!? Знае ли Венециската комисија за ова и како е таму во Венеција сега!? За последново всушност нема да дознаете.

Откако ќе добиете одговор на сите овие тешки прашања, ќе може да се релаксирате со Карантин Бенд и нивниот нов репертоар на песни, по желба на вибер фановите, нормално.