Ново

На италијанските градоначалници им пукна филмот

Италија се соочува со најголемата катастрофа поради корона вирусот. Најстрашно од се е, што некои луѓе не го сфаќаат тоа сериозно и повторно се шетаат надвор, место да бидат во изолација. Градоначалниците на најголемите градови снимија видеа во кои им се закануваат на граѓаните дека ако не ги почитуваат мерките. Едни од зборовите се „Ако мислите да правите журки, ќе ви пратам полиција со огнопалач! Кај ку*р мислите да одите бе!? Да не имаат вашите кучиња болна бешика што мора да ги шетате нонстоп!? Знаете дека кога сте во ковчег никој не ви ја гледа фризурата? Ќе оделе на фризер тие.“

 

Како во Србија се борат против короната?

На социјалната мрежа твитер се појави видео од начин како во некое српско село се борат против короната. Дали ваквиот начин е успешен, се уште не знаеме.

Како да се оди во кафана за време на изолација!?

Дека граѓаните на нашата држава треба да седат во изолација за време на корона вирусот е повеќе од очигледно, но како да си ги приуштат основните човекови задоволства со идење во кафана без да го напуштат својот дом? Фчерашни Новости го има одговорот на ова прашање. 



Меѓудругото вчера имавте прилика да погледнете и како најбитните професии кај нас може да се работат од дома. Како изгледа еден училишен ден на децата додека се во изолација? Кој се јавува на хотлајн бројот за превенција од корона вирус и како стручните лица се снаоѓаат во различните ситуации?

Многу прашања, еден линк до јутјуб. Повелете.