Специјална „ Еден на Еден- Седи си дома“ со домашни и регионални ѕвезди

Симон Трпчески, Влатко Стефановски, Тамара Тодевска, Елена Ристеска, Жељко Самарџиќ од Белград и Јован Јованов од Канада се гости во новата епизода на „Еден на Еден“ наречена „Седи си дома!“.

Жаре ја снимаше емисијата од својата дневна соба, а на своите пријатели и соработници им се јави на видео повик.

Така, Тамара која е во Гевгелија кај родителите на сопругот, откри каква домаќинка станала додека е во домашна изолација, Елена зборуваше за новиот бизинс со козметиката со нејзин потпис, а Влатко Стефановски раскажа дека ќерка му Ана, пред неколку месеци се врати од Италија, каде што докторираше.

На Влатко му се откажани сите претстојни концерти, како и на маестро Симон Трпески, кој е за прв пат во Еден на Еден. Тој специјално за Жаре и за гледачите отсвире и запеа една македонска песна, а и маестро Влатко имаше кусо гитарско соло.

Жељко Самарџиќ исто така запеа и од Белград и раскажа колку е претпазлив оти спаѓа во ризичната група за зараза од коронавирусот. Продуцентот Јован Јованов се јави од Канада и раскажа дека луѓето таму се посмирени.

Седете си дома и гледајте ја „Еден на Еден - Седи си дома!“, во недела од 18.30 на Канал 5. Во меѓувреме, еве ја најавата од Жаре:

Како да се работи од дома за време на корона вирус?

Една од препораките, за време на светската пандемија поради корона вирусот, е да се биде во домашна изолација и да се работи од дома. Фчерашни новости влезе во еден изолиран дом се со цел да ви долови како изгледа еден работен ден во изолација на една од најтешките професии кај нас. Ќе дознаете кои се предизвиците, а кои предностите да се работи во изолација!?


Македонија конечно, после неколку пати најавување, влезе во НАТО. Како се одвиваше прославата за тој свет чин? Дали имаше шведска маса и кој го плати цехот на крај?


Најтешката задача за оваа епизода ја имаше нашиот репортер Кузман Статива. Да направиш анкета во време кога сите се во изолација е скоро невозможно. Дали ќе успее Кузман да ја изврши својата задача, дознајте во новата епизода на Фчерашни новости, оваа недела, 19:30 часот, на Канал 5 телевизија.