Ново

Петар Грашо во Еден на Еден: Јас одговарам за сѐ, а Данијела за ништo

Петар Грашо ќе биде гостин во новата Еден на Еден кај Жаре, во недела од 18.30 на Канал 5. Далматинскиот пејач и автор искрено раскажа многу негови животни приказни во Еден на Еден специјалот.

Една од нив е онаа за неговата долгогодишна партнерка, пејачката Данијела Мартиновиќ.

„Јас сум одговорен за сѐ, а Данијела за ништо“, му рече Грашо на Жаре на прашањето како се поделени со обврските во домот. „Ние живееме на две адреси, во Сплит и во Загреб. Многу патуваме и се случува телефонски да се организираме“, додаде Грашо и рече дека тој као маж ги плаќа сметките.

За жените со лажни фотографии Инстаграм, за својата скриена викендица во која најмногу ужива, за ресторанот на кој до неодамна беше сопсственик, зборуваше Грашо, но и за тоа дека место кошаркар, станал музичар благодарение на Оливер Драгојевиќ.

Во продолжение, погледнете ја најавата за емисијата и приказната за Данијела:

Љупчо Николовски и Игор Јанушев се скараа за 8 март

До сега сме виделе власта и опозицијата да се караат на различни теми, ама дека ќе се скараат за 8 март, не можевме ни да претпоставиме. Љупчо Николовски и Игор Јанушев ги судрија своите мислења за најголемиот празник на жената.

Што да се прави во време на корона!?

Во период на пандемија, најпаметно е да се послушаат апелите на Министерството за здравство и да се остане дома, со цел да се намали можноста да се шири вирусот помеѓу населението. Но, да се остане дома подолг период не е така лесно. Секогаш постои прашањето што да се прави дома? Една од работите што може да ги направите е да гледате Фчерашни новости.

Ѕирнете што ви спремаме во новата епизода: