Ново

Како полесно до работа во Германија!?

Академијата за преквалификација и посредништво за работа во Германија „Војче и синови“, секогаш го следи трендот и побарувањата на граѓаните на Македонија. Поради тоа, во најновата епизода на Фчерашни новости ги поканивме како гости, за да ги кажат своите искуства и совети кои идните македонски работници во Германија би сакале да ги дознаат. Ако си преквалификуван, сакаш да патуваш, да се стекнеш со нови вештини, биди во недела на канал 5 телевизија, во пола осум.

Напомена: Фчерашни новости не посредува за работа во Германија и би ве замолиле да не ни праќате CV.

Повеќе графити има за татко ми од оние за Бранко и Љупчо: Начевски и Николов во „Еден на Еден“

Познатата ракометна судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се гости во новата Еден на Еден кај Жаре, заедно со пејачката Антониа Гиговска, во недела од 18.30 на Канал 5.

Начевски и Николов кои го судеа финалето на ЕП во Келн, раскажаа многу приказни од долгогодишната кариера.

„Во Африка, новинарот и снимателот влегуваат на терен среде натпревар, и додека уште трае играта прават прилог“, е едно од нивните искуства. „Таму навивачите се тепаат, се колат, се маваат со патики“, рекоа Ѓорѓи и Славе низ насмевка.

Тема на муабет беа и домашните натпревари, но и тепачката на Начевски со Веселин Вујовиќ пред многу години. Ѓорѓи ги искоментира и навредливите графити низ градот кои се однесуваат на неговиот татко, судијата Марјан Начевски.

„Такви графити има повеќе отколку за Бранко и Љупчо“, рече Начевски.

Искрени муабети, Жаре имаше и со пејачката Антониа Гиговска, која раскажа како го запознала пејачот Иван Јованов со кој е во врска, за нејзиното искуство како придружен вокал на Тамара на „Евросонг“. Антониа запеа дел од нејзината омилена балада која ја врзува за Иван, и за прв пат во Еден на Еден, во живо ја промовираше новата песна, „Крива сум“.

Жаре подготви и специјален осмомартовски монолог и песна.

Во продолжение, погледнете една од интересните приказни од ЕП во Келн на Начевски и Николов, каде што му беа досудени чекори на Карачиќ и најавата за емисијата: