Како киваат во светот?

Во различни држави постојат различни навики, па така и за кивање. Погледнете кој извик го користат луѓето од различни краишта на светот кога ќе кивнат.

Нема место за паника: Фчерашни новости со упатство како да се справите со корона вирусот

Додека сите се во паника и не знаат кај тераат, Фчерашни новости на едно место ги собра најголемите експерти и познавачи на вируси и слично, за да одговорат на прашањето кое ептен го мачи народот, како да се справите со корона вирусот и зошто да не купувате голема количина на брашно.

Менде Гибнатиот подетално ќе ви објасни во најавата за новата епизода, која ќе може да ја погледнете во недела во 19:30 часот, на Канал 5 телевизија.

Воедно, сакаме да ве известиме дека ни е особена чест и задоволство што по четврти пат по ред „Златната бубамара“ за најсатирична емисија ни дојде на гости. Ваквите награди се доказ дека посветеноста и упорноста во нашата работа секогаш вродуваат со плод, како од манифестациите кои тоа го препознаваат, така и од позитивниот исход кај гледачите. 

Од се срце ви благодариме и продолжете да не гледате. smiley