Ново

Африканците почнаа да пристигнуваат во Македонија

По најавата на еден пратеник, кој сакаше да остане заштитен со својот пратенички имунитет, дека еден милион Африканци ќе дојдат во Македонија, репортерот на Фчерашни новости, Кузман Статива, успеа да направи интервју со првиот Африканец кој го најави бранот на уште 999,999 илјади Африканци кои треба да пристигнат. Што ни изјави тој и како се снајде во Македонија, можевте да видите во епизодата вчера, а истата таа е веќе достапна на платформата наречена јутјуб или јутјубска платформа, како сакате.
Повелете:

Били Еилиш отсвирена на вибратор (+18)

Талентиран музичар нема инструмент на кој не може да продуцира музика. Девојкава ја свири познатата песна од Били Еилиш „Лошо момче“ со помош на вибратор. Погледнете како изгледа тоа.

Да го пополниме местото што Британија го ослободи во ЕУ: Заев во Еден на Еден

Зоран Заев ќе биде гостин во новото издание на „Еден на Еден“ кај Жаре, во недела од 18.30 на Канал 5.

Меѓу многуте приватни и професионални приказни, поранешниот премиер раскажа за своите студентски денови, за детството, за семејството, за својата прва работа, за она што најмногу го исполнува во слободно време.

На прашањето на Жаре дали ќе го земеме столчето на Велика Британија откако излезе од ЕУ, Заев низ насмевка одговори:

„Сега го ослободија местото, зошто да седи празно? Да го пополниме“.

Лидерот на СДСМ раскажа и дека 13 години по ред, Нова година славел со децата од Заводот за заштита Бања Банско, и какви песни пееле заедно. Ја окри и неговата омилена македонска народна песна со која се орасположува кога е во друштво, а бендот на Гуру Харе му ја отсвире.

Најавата за емисијата ќе ви долови дел од она што ќе го гледаме во недела: