Да го пополниме местото што Британија го ослободи во ЕУ: Заев во Еден на Еден

Зоран Заев ќе биде гостин во новото издание на „Еден на Еден“ кај Жаре, во недела од 18.30 на Канал 5.

Меѓу многуте приватни и професионални приказни, поранешниот премиер раскажа за своите студентски денови, за детството, за семејството, за својата прва работа, за она што најмногу го исполнува во слободно време.

На прашањето на Жаре дали ќе го земеме столчето на Велика Британија откако излезе од ЕУ, Заев низ насмевка одговори:

„Сега го ослободија местото, зошто да седи празно? Да го пополниме“.

Лидерот на СДСМ раскажа и дека 13 години по ред, Нова година славел со децата од Заводот за заштита Бања Банско, и какви песни пееле заедно. Ја окри и неговата омилена македонска народна песна со која се орасположува кога е во друштво, а бендот на Гуру Харе му ја отсвире.

Најавата за емисијата ќе ви долови дел од она што ќе го гледаме во недела:

Ќе речеш дете е, не знае

Две девојчиња возат ховерборд со таква леснотија што човек да се запраша како е ова возможно, а ќе си речеш дете е, не знае. Епа еве ви доказ дека децата знаат повеќе од некои возрасни.