Ново

Што погребаа Фчерашни новости!?

Животот покрај среќни, понекогаш е исполнет и со тажни моменти. Фчерашни новости успеаа еден таков трогателен момент да доловат во епизодата од вчера. Бомбите кои ги слушавме доста време и со кои некој пробуваше да ја открие вистината за Македонија, веќе не се помеѓу нас. Нека им е вечна слава.

Епизодата веќе е достапна на платформата позната како јутјуб.


 

Тино и Атанас како Заев и Мицкоски во Еден на Еден

Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски ќе му бидат гости на Жаре во новата Еден на Еден, во недела, на Канал 5 телевизија од 18.30.

„Нѐ препознаваат, сѐ повеќе од театар, веќе не само од Златна Бубамара. Еднаш, во диско еден од обезбедувањето се фалел: Еј, знаеш кого видов сношти, оние Тони и Део“, раскажаа глумците во свој стил.

Дел од шоуто што не смеете да го пропуштите ќе биде и надсинхронизацијата на Атанас и Тино, тие ќе бидат во улогите на Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Плус, Жаре им смисли и интересна игра, асоцијации со полна уста. Оригинална приказна за целата македонска естрада и уште неколку познати личности ќе раскаже Тино во рапот „Доуп естрада“.

Дел од новата Еден на Еден ќе биде и босанскиот пејач Божо Вреќо, а ќе слушнеме и една хумана приказна од Борче Стаменов од Кавадарци кој поправа стари компјутери и ги донира на млади кои не можат да си дозволат да ги купат. Пред емисијата во недела, погледнете ја надсинхронизацијата на Тино и Атанас: