Тино и Атанас како Заев и Мицкоски во Еден на Еден

Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски ќе му бидат гости на Жаре во новата Еден на Еден, во недела, на Канал 5 телевизија од 18.30.

„Нѐ препознаваат, сѐ повеќе од театар, веќе не само од Златна Бубамара. Еднаш, во диско еден од обезбедувањето се фалел: Еј, знаеш кого видов сношти, оние Тони и Део“, раскажаа глумците во свој стил.

Дел од шоуто што не смеете да го пропуштите ќе биде и надсинхронизацијата на Атанас и Тино, тие ќе бидат во улогите на Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Плус, Жаре им смисли и интересна игра, асоцијации со полна уста. Оригинална приказна за целата македонска естрада и уште неколку познати личности ќе раскаже Тино во рапот „Доуп естрада“.

Дел од новата Еден на Еден ќе биде и босанскиот пејач Божо Вреќо, а ќе слушнеме и една хумана приказна од Борче Стаменов од Кавадарци кој поправа стари компјутери и ги донира на млади кои не можат да си дозволат да ги купат. Пред емисијата во недела, погледнете ја надсинхронизацијата на Тино и Атанас:

Што значи влезот во Нато за Македонија!?

Додека сите граѓани на нашата република се прашуваат што точно значи влезот на Македонија во Нато, нашиот репортер Кузман Статива тоа го дознава од прва рака. Што добива, а што губи Македонија?

Дали да се слави Валентајн или Трифун? Познатите полицајци Алфа и Буби спроведоа една несекојдневна акција која ќе ја разреши дилемата околу тоа кој празник е побитен.

За крај, погребот за кој сите молчат. Што погребаа пратениците во изминатата недела и како тоа ќе се одрази на иднината на нашата земја?

Гледајте Фчерашни Новости, во недела 19:30 часот, на Канал 5 Телевизија.