Ново

Дали граѓаните ќе излезат на наредните избори!?

Прашањето што би требало да си го постават сите институти на кои главна преокупација им се изборите, сепак први го поставија Фчерашни новости. Дали граѓаните се уште имаат желба да излегуваат на избори? Какво е нивното мислење за изборите во април? Што ги мачи воопшто и дали државата има слух за нивните потреби, дознајте во вчерашната епизода на Фчерашни новости, која веќе е достапна на платформата позната како јутјуб.

За една вечер земав 12.000 марки бакшиш: Наум Петрески во Еден на Еден

Весела „Еден на Еден“ ќе гледаме во недела, на Канал 5 од 18.30 со Наум Петрески. Фолк пејачот на Жаре му откри кој бил неговиот најголем бакшиш во кариерата.

„Тоа беше многу одамна, во Вечани. Вечерта земавме околу 12.000 марки и околу 3.500 швајцарски франци“, раскажа Наум.

Дел од ова шоу ќе бидат и неговите анегдоти како ловџија и риболовец, многу приказни од патувањата низ светот, а Жаре, за да ја провери неговата прецизност, го предизвика заедно да изиграат пикадо, со помош на публиката.

Наум Петрески во „Еден на Еден“ ќе биде пред уште еден предизвик, да запее две песни кои не се од неговиот репертоар, една од Оливер Драгојевиќ, а една од неговиот колега Миле Кузмановски. Специјални музички гости во емисијата се триото „Саксакустикс“ со преработка на еден голем домашен хит.

Во продолжение, погледнете ја приказната за најголемиот бакшиш на Наум :