За една вечер земав 12.000 марки бакшиш: Наум Петрески во Еден на Еден

Весела „Еден на Еден“ ќе гледаме во недела, на Канал 5 од 18.30 со Наум Петрески. Фолк пејачот на Жаре му откри кој бил неговиот најголем бакшиш во кариерата.

„Тоа беше многу одамна, во Вечани. Вечерта земавме околу 12.000 марки и околу 3.500 швајцарски франци“, раскажа Наум.

Дел од ова шоу ќе бидат и неговите анегдоти како ловџија и риболовец, многу приказни од патувањата низ светот, а Жаре, за да ја провери неговата прецизност, го предизвика заедно да изиграат пикадо, со помош на публиката.

Наум Петрески во „Еден на Еден“ ќе биде пред уште еден предизвик, да запее две песни кои не се од неговиот репертоар, една од Оливер Драгојевиќ, а една од неговиот колега Миле Кузмановски. Специјални музички гости во емисијата се триото „Саксакустикс“ со преработка на еден голем домашен хит.

Во продолжение, погледнете ја приказната за најголемиот бакшиш на Наум :

Што се случуваше на 148 роденден на Гоце Делчев!?

Поминаа 148 години од раѓањето на најголемиот македонски деец и војсководец, Гоце Делчев. Прашањето што можеби многумина си го поставуваат е дали тој и денес би го сфаќал светот како поле за културен натпревар меѓу народите или пак можеби веќе сфатил колку е саат!?

Одговорот на ова суштинско прашање ќе можете да го дознаете во најновата епизода на Фчерашни новости, оваа недела во 20 без 30 часот, веднаш пред Оскарите кои ги чекаме со нетрпение, на канал 5 телевизија.