Не се слушам со Груевски: Мицкоски во Еден на Еден

Христијан Мицкоски ќе биде гостин во новата епизода на „Еден на Еден“, во недела од 18.30 на Канал 5 телевизија.

Жаре и Мицкоски ќе изиграат фудбалче, еден на еден, но, тоа не е единствениот предизвик кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати.

Интересна изјава даде Мицкоски во моментот кога Жаре и екипата му подготвија музички квиз, погодување на песни. На почетокот на хитот „We Will Rock You“, тој рече: „ Ова ќе се случи на 12 април“.

За крај Жаре го праша дали се слуша со Никола Груевски.

„Кој Никола? Има еден Никола од Кисела вода. Не се слушам со него“, одговори Мицкоски. Дел од муабетите се посветени и на неговото семејство, сопругата и синовите, а раскажа и приказни од тоа како почнал.

„ Првиот ден кога отидов на работа, среден, стокмен, шефот ми дава метла и ми вели: Ајде да го изметеш дворот. Денот си го завршив професионално. Метев цел ден“, раскажа Мицкоски за своето прво работно место.

Дел од емисијата која ќе ја гледаме во недела, погледнете во најавата:

Што ќе гледаме во новата епизода на Фчерашни Новости!?

Алфа и Буби, познатото полицајско дуо од Фчерашни Новости, овојпат во поинаква улога на репортери, најавија што ќе гледаме во најновата епизода на фчерашни.

Или со други зборови, што највеќе го интересираше народот и побуди кај него чуства на дискусија од комуникативни размери и зашто!?
 

Гледајте не оваа недела во поинаков термин, 7:30 попладне, на Канал 5 телевизија. Бидете чекор зад сите.