Ново

Немав пари за хотел, спиев во автомобил: Ален Исламовиќ во „Еден на Еден“

Со некогашниот фронтмен на бендовите „Бијело Дугме“ и на „Дивље Јагоде“, Ален Исламовиќ на многу интересни теми муабетеше Жаре во „Еден на Еден“, а емисијата ќе ја гледаме во недела, на Канал 5 од 18.30.

Босанскиот пејач искрено раскажа за неговиот пат до „Бијело Дугме“, за тоа што значи да се живее вистинскиот рокенрол, но и многу негови приватни приказни, за сопругата Маријана, за децата, за внуците.

„Кога пеев во „Дивље јагоде“, на една турнеја немавме пари сите да се сместиме во хотел. Половина од бендот спиеше во хотел, а половина во стариот „стокец“. И Бреговиќ ми раскажуваше за неговите почетоци, за времето кога јаделе паштети на турнеја, затоа што не можеле да си дозволат повеќе. Тоа е тој пат кој мора да се помине“, е само дел од приказните на познатиот босански пејач.

Ален ќе раскаже и за бизнисот на кој е многу горд, за плантажите со лешници, и ќе открие со кој нов бизнис се занимава.

Спонтан, пријателски расположен и исклучително професионален, рокерот ќе ги почести гледачите и со два големи хита, акустично, со неговата гитара. Во недела, првиот специјал на „Еден на Еден“ во 2020 со Ален Исламовиќ и неговата животна приказна е нешто што вреди да се погледне. Најавата за емисијата ќе ни открие малку повеќе.

Номче од Фчерашни: Што се критикувавме, а не се смени ни во 2019?

Оваа недела уредникот на Фчерашни новости со тажна исповед.
„Се сменаја многу работи и власт и опозиција, ама некои работи останаја како што не треба да бидет.“ - изјави Номче. Повеќе од 4 години и еве веќе 5та сезона како постојат Фчерашни новости, но некои работи никако да се сменат. 


Номче зборува за иселувањето на младите од државата, корумпираното судство, условите во македонските болници, администрацијата и многу други појави кои никако да се искоренат. Секоја година новинарите од Фчерашни ја почнуваат желни за нови предизвици, но се соочуваме со истите стари проблеми.
Тие се тешат дека ако ништо друго, барем знаат да се насмеат на своја сметка. Сепак, Номче не ја губи надежта „Се надеваме дека барем нешчо ќе се сменит во новава година“, изјави тој.

Ако веќе не знаете, дознајте последни што се криткуваа Фчерашни новости, а не се смени, од уредникот Номче во недела 19:30 на Канал 5 Телевизија.