Ново

Колку е бавна правдата во Македонија!?

Фчерашни новости во последната епизода за оваа 2019 година се обидоа да дознаат колку е бавна правдата во Македонија. Од примерите до кои дојдоа експертите на пишаниот збор, таканаречените новинари, можеше да се заклучи дека до крајот на годинава тешко дека ќе се дознае до каде е стигната правдата кај нас.

Од други прилози во епизодата во неделата можевте да погледнете и:
- Се врати Номче уредникот, што им порача на колегите од редакцијата?
- Како помина протестот на извршителите?
- Специјални сили против пм честички, ќе успеат ли да се справат со истите?

Тимот на Фчерашни новости ви посакува среќна Нова Година со многу здравје и хумор и помалку лапсузи од политичарите.