Ново

Дејан Лилиќ во „Еден на Еден“: Одбив светска кариера поради МНТ

За филмот „Дедо и внук“, но и на многу други теми, со Жаре муабетеа актерите Дејан Лилиќ и Благој Веселинов. Лилиќ и Баже се гости во деветата епизода од 11 сезона на „Еден на Еден“, во недела, од 18.30 на Канал 5. 

Лилиќ откри колку било „забавно“ да ја отвори сезоната на капење во Охрид во април, каде што се снимал филмот, а Благој раскажа интересни приказни од Берлинале каде што ја доби наградата „Шутинг старс“. Дејан раскажа и за тоа дека одбил интернационални улоги кои можеле да му донесат светска кариера поради претставата „Мајсторот и Маргарита“ која во тоа време беше на репетоарот на МНТ.

„Ветувам, ќе те земам во театар да играш во некоја претстава со мене“, му рече Дејан Лилиќ на Жаре откако го потсети на неговото гостување од 2013 година, каде што му го даде тоа ветување. Жаре, Дејан и Благој изиграа и една интересна и провокативна игра: „Погоди го шишето“.

Во недела, на Канал 5 од 18.30 ќе ги гледаме и министерката за финансии Нина Ангеловска, заедно со директорката на УЈП Сања Лукеревска. Ангеловска и Лукаревска ќе читаат злобни твитови за апликацијата „Мој ДДВ“.  Емисијата ја развесели комичарот Маријан Ѓорѓиевски со мини стендап шоу. 

Најавата за емисијата ќе ви открие какво предновогодишно шоу нѐ очекува:

Дупот за Трнодол како место за некултурен натпревар меѓу народите

Познатата изрека од нашиот највлијателен деец и револуционер, Гоце Делчев, „Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите“, сигурно не може да се употреби во општина Карпош каде што граѓаните физички се пресметаа за дупот за Трнодол. Нашата Јелисалфета Крстиќ Поп Мајбах беше на местото на настанот, а како помина ќе дознаете во најновата епизода на Фчерашни новости

Погледнете ја најавата:

Недела 20 без 30 часот. Канал 5 телевизија. Бидете чекор зад сите.