Ново

Весело во „Еден на Еден“ со глумците од „Дајте музика“ и „Гласна куќа“

Атмосферата на снимање на шоуто „Еден на Еден“ со Жаре одамна не била толку весела. Во недела, од 18.30 на Канал 5, гости ќе бидат главните актери од детската серија „Дајте музика“, заедно со тинејџерите од серијата „Гласна куќа“.

Јован, Наташа, Филип, Кики, Саша и Тео ги раскажаа сите забавни случки од снимањето на серијата, а и тие самите имаа интересни прашања и предизвици за Жаре. Јован го покани заедно да изиграат оро, Саша му нацрта оригинален портрет, Филип направи специјален стрип со сите во студиото како супер-херои, Анастасија и Тео донесоа рачни изработки, а Кики облечена во кимоно покажа професионална ката. Ќе гледаме и интересно гитарско дуо со Филип и Јован.

Поголемите колеги на „Дајте музика“, тинејџерите од „Гласна куќа“, Кристина, Кристијан, Софија, Јована, Никола, Мина и Давид изглумија еден специјален скеч од серијата.

Одблиску, доживувањата со малите глумци ќе ги раскажат и Весна Бејби Петрушевска и Цаци Паковска. Најавата за емисијата повеќе ќе ни открие што ќе гледаме во недела, на Канал 5 од 18.30.

Петок е

Кога ќе ти текне дека е петок, не може, а да не се израдуваш. Реакцијата на момаков по тој повод е сосема оправдана.

Фчерашни новости во Венеција, како помина средбата со венецијанската комисија!?

Фчерашни новости во најновата епизода ве носат во Венеција, каде нашата репортерка Јелисалфета Крстиќ Поп Мајбах направи интервју со претставници на комисијата која доаѓа од горенаведениот
 град т.е. Венеција пак.


Во период (никако да пројде тој период) на турски серии, има една теленовела која е мега-гига-не знаеме кај-тера популарна. Која е таа, ќе дознаете во најновата епизода на Фчерашни.


Менде Гибнатиот се најде во небрано низ скопските улици. Прашањето кое си го поставуваат сите е кому му се обраќа тој и зошто!?

Недела 20 без 30 часот. Канал 5 телевизија. Бидете чекор зад сите.