Зошто македонските ученици се најслаби во регионот!?

Според одредени истражувања, кои не сакаа да останат анонимни, македонските ученици се рангирани како наслаби во регионот. Фчерашни поразговара со една наставничка со цел да најде каде лежи зајакот или проблемот, во случај да не ја знаете изреката.

Освен оваа тема, фчерашни обработија и доста горчливи теми во неделата. Целата епизода е веќе достапна на јутјуб:

Лозано во „Еден на Еден“ откри дека го ограбиле

Расположен и опуштен како никогаш порано на ТВ гостување, Лозано дојде на снимањето на Еден на Еден со Жаре. Во недела, во 18.30 на Канал 5 ќе го гледаме нашиот најпопуларен пејач во едно поинакво издание.

Ексклузивно за Еден на Еден, Лозано раскажа и една непријатна случка, како го ограбиле додека бил на настап и без колку вредни работи останал. Малерот, Жаре успеа да му го разбие со еден магионичарски трик. Лозано уживаше и во интересен квиз што му го подготви екипата на Еден на Еден, а публиката во студиото најмногу во делот кога запеа.

Како музички гости, во оваа емисија ќе ги видиме и „Љубојна“ кои ќе го најават својот концерт и уште еден интересен гостин. Најавата ќе ви открие малку повеќе, а останатото ќе го дознаете во недела, на Канал 5 од 18.30.