Ново

Лозано во „Еден на Еден“ откри дека го ограбиле

Расположен и опуштен како никогаш порано на ТВ гостување, Лозано дојде на снимањето на Еден на Еден со Жаре. Во недела, во 18.30 на Канал 5 ќе го гледаме нашиот најпопуларен пејач во едно поинакво издание.

Ексклузивно за Еден на Еден, Лозано раскажа и една непријатна случка, како го ограбиле додека бил на настап и без колку вредни работи останал. Малерот, Жаре успеа да му го разбие со еден магионичарски трик. Лозано уживаше и во интересен квиз што му го подготви екипата на Еден на Еден, а публиката во студиото најмногу во делот кога запеа.

Како музички гости, во оваа емисија ќе ги видиме и „Љубојна“ кои ќе го најават својот концерт и уште еден интересен гостин. Најавата ќе ви открие малку повеќе, а останатото ќе го дознаете во недела, на Канал 5 од 18.30.

Кој е добитникот на 50,000 евра од наградната игра „мој данок, моја награда“!?

Фчерашни новости единствени предвремето дознаваат кој е добитникот на главната награда од 50,000 евра од наградната игра „Мој данок, моја награда“!? Каде отидоа парите, дознајте во новата епизода во недела 19:30 часот, на канал 5 телевизија.

Од другите вести издвојуваме:

- 455,000 граѓани го поминуваат денот само со еден оброк на ден. Менде поразговара со една таква граѓанка. Што му кажа таа и зашто!?

- Што се случува во редакцијата на „Фчерашни новости“ откако Маја стана уредник!? Успева ли да се снајде со незадоволните вработени и како!?

Александар Митевски и Драган Спасов - Дац со нова прекрасна балада

Еве една фина новогодишна песничка. Ацо и Дац искочија одлична комбинација – ем знаат и да направат песна ем кога да ја пуштат. А и спотот не е лош. Како само успеале да соберат толку познати фаци у едно видео, тоа уште не е утврдено. Мислам дека имаме хит.