Ново

Што велат експертите за буџетот за 2020 година!?

Фчерашни новости направи ексклузивно интервју со еден од експертите за буџет и распределба на државните средства се со цел да го добие неговото мислење за буџетот за 2020 година. Каков е ставот на експертот, ќе дознаете во најновата епизода на Фчерашни новости.

Од други вести издвојуваме:

- Алфа, од тимот на полицајци „Алфа и Буби“, со извештај од културните установи во нашата држава. Кои се најдобри за прослави и на кој начин се прославува во истите!?

- Како реагираа маџирмаалци по најавата за градење на хотели и згради во најпознатата скопска населба Маџир маало!? Дали можеби размислуваат за протест!?

- Во редакцијата на Фчерашни новости повторно турбуленции. Номче уредникот најави дека заминува на турнеја во Америка, кој ли ќе го замени!?

Оваа недела во 19:30 часот на Канал 5 телевизија, бидете чекор зад сите.