Ново

Ексклузивно: Интервју со Катица Јанева!

Фчерашни новости ексклузивно пред сите други новинари и новински агенции успеа да направи интервју со поранешната јавна обвинителка Катица Јанева. Што изјави таа за нашата репортерка Јелисалфета Крстиќ Поп Мајбах ќе дознаете во новата епизода во недела, во 19:30 часот на Канал 5 телевизија.

Од други вести издвојуваме:

Што ќе се случи во редакцијата на Фчерашни новости откако Номче уредникот ќе ја добие компромитирачката снимка од инспекторот за животна средина!?

Во вакви тешки времиња, единственото нешто кое ќе ве разведри, како сонце после три дена дожд, е песната на уредникот на Фчерашни. Ќе успее ли истата да се пласира на Евровизија!