Ново

После Бранко, Мијалков е најдобар за во кафана: Амди Бајрам во „Еден на Еден“

Зошто ниту една власт кај нас не може да опстане без него, и на кој начин тој успева да е близок со секоја власт, се само дел од приказните кои пратеникот Амди Бајрам ги сподели во шоуто „Еден на Еден“.

Жаре му подготви и интересна игра, „Тркало на среќата“ во која господинот Бајрам со еден збор требаше да ги опише своите колеги, политичарите. За нив зборуваше и од друг аспект, кој е најдобар за дружење во кафеана. „После Бранко, Сашо Мијалков“, изјави тој.

Амди Бајрам раскажа и за тоа како премиерот Зоран Заев му простил откако го критикуваше, но има и приказни за поранешниот премиер, Никола Груевски. За него, Амди БАјрам вели дека единствено на ромскиот бал се шетал без обезбедување.

Неизбежна беше темата како се победува на избори, но и многу други работи од неговиот приватен живот кои ги раскажа само во „Еден на Еден“.

Четвртата епизода на шоуто од Сезона 11, ќе ја гледаме во недела, од 18.30 на Канал 5. До тогаш, погледенете ја најавата за емисијата со Амди Бајрам.

Фчерашни новости со директно јавување од Будимпешта

Во новата епизода на Фчерашни новости се враќаат познатите Алфа и Буби. Кого бркаат тие овојпат и зошто!?

Фчерашни новости ги прати вестите од светот, па успеа да овозможи директно јавување од Париз, Будимпешта и Битола. Што ли ни изјавија дописниците!?

Во редакцијата, Менде гибнатиот се мисли што да направи со компромитирачката снимка од инспекторот кој му бара мито. Како ќе заврши неговата дилема!?

Многу прашања, еден одговор. Недела 19:30 часот на Канал 5 телевизија.

Додека ја чекаме епизодата во недела, може да не посетите и на нашиот фејсбук и инстаграм профил.