Ми фали Груевски како глумец: Дац и Митевски во „Еден на Еден“ кај Жаре

Муабети што никаде до сега не ги споделиле, дуото Драган Спасов - Дац и Александар Митевски ги раскажаа во „Еден на Еден“.

„Ми фали Грувески како глумец, ама не го биваше ич“, откри Дац за поранешниот премиер Никола Груевски, откако Жаре го потсети дека се нашле заедно на иста сцена, во Драмски театар, во култната претстава „Грев или шприцер“.

Митевски пак раскажа дека кариерата ја започнал како рапер, со својот „ОК бенд“, кога бил тинејџер.

„Се однесуваме како вистински брачен пар“, изјавија продуцентот и актерот. За крај, не почестија со „Уште ми фалиш“, хитот од „Макфест“ , во друштво на тамбурашите „Гезме“ и хармоникашот Војче Петрушев. Уште еден куп интересни приказни ве чекаат во недела, на Канал 5, во 18.30.

До тогаш, погледнете ја најавата за третата епизода на „Еден на Еден“ од „Сезона 11“

Кој се ни прави друштво во чекалната за влез во ЕУ!?

Дека ќе си почекаме за влез во фамозната Европска Унија, веќе ни е повеќе од јасно, но тоа не е така страшно бидејќи не сме сами во чекалната. Фчерашни новости ви открива кој се ни прави друштво и зашто!?


Новинарите на фчерашни направија интервју со министер, но не на златна, туку на животна средина. Што ни откри тој и зошто до сега молчел по тоа прашање!?
Потрагата по новинари кои ќе работат во редакцијата продолжува. Ќе успее ли Ранко Петровиќ - Бубамара да ја помине аудицијата!?