Ново

Најдраматичниот момент на едно интервју

Сите знаеме колку е „лесно“ да стигнеш до интервју за работа. Првин праќаш мејл со твоја биографија, па мотивационо писмо, па слика да има внатре и ако имаш среќа ќе дојдеш до фамозното интервју каде ќе те прашуваат се и сешто. И тогаш доаѓа најдраматичниот момент, кога ти сакаш да го поставиш единственото прашање за кое си дојден, колку е платата!?

Докторот кој ги лечи пациентите со танцување

Тони Адкинс е неврохирург кој најчесто работи со деца. Во еден момент сфатил дека освен професионалната работа, мора некако да ги расположи пациентите кои доаѓаат кај него, па почнал да танцува со нив. Од тогаш е познат како Доктор Танц.

Автобус или парна локомотива!?

На улиците во главниот град Скопје, се појави автобус кој не се знае на што точно работи, ама загадувањето кое го прави може да се види и од далеку. Кој ли му дал дозвола да биде во сообраќај, е прашањето што си го поставуваат сите!?