Ново

Ќе најдат ли Фчерашни новости соодветен новинар?

Во новата епизода на Фчерашни новости продолжува потрагата по соодветен новинар кој би бил дел од редакцијата. Вратата е отворена за сите, погледнете кој се пријави овојпат.

Фчерашни на терен продолжуваат да ги обработуваат темите кои ги засегаат граѓаните, па во новата епизода успеаја да го најдат најстариот Македонец кој ја отри тајната на неговата долговечност.

Како што се ближи зимата, така се ближи и загадувањето, а општо познато е дека тука сме неприкосновени шампиони. Кој град овојпат ја освои титулата шампион во загадување, во новата епизода на Фчерашни новости.

Недела 19:30 часот. Канал 5 телевизија. Бидете чекор зад сите.

Додека ја чекаме епизодата во недела, може да не ѕирнете на фејсбук, а воедно и на инстаграм.