Ново

Што се случува во редакцијата на Фчерашни новости!?

На барање на гледачите започна долгоочекуваната и многу посакувана, народнопопуларна емисија Фчерашни новости. Во оваа петта сезона, фчерашни најавија дека освен темите кои ги засегаат граѓаните, фокусот ќе биде насочен и на тоа што се случува во самата редакција на Фчерашни.

Номче уредникот преку аудиција се обидува да најде експерт кој ќе влезе во тимот на Фчерашни, а во исто време работи на остварување на својот сон за компонирање песни. Маја, десната рака на Номче, се обидува да дознае тоа што ги мачи сите вработени, кога плата.

Менде Гибнатиот влезе во конфронтација со Јелисалфета Крстиќ Поп Мајбах за тоа чиј постер да стои на ѕидот во канцеларијата. Рубин, како секој мајстор, има лек за се и сешто, па така и за алергија. Ацо водителот и Принцес Донатсу пробуваат да го разбудат Џемаил Кадри од својата работна обврска.

Целата епизода можете да ја погледнете на следниов линк:

Во недела 27.10.2019 почнуваат Фчерашни новости

Во недела во 19 часот и 30 минути на Канал 5 почнува Сезона 5 на Фчерашни новости.

Повторно ликовите на Фчерашни, на нивниот добро познат начин, ќе ги претстават случувањата во земјава.

Новина во „новостите" е тоа што покрај постоечкиот концепт на вести од "фчера", тие ќе понудат и нешто поразлично. Во сезона 5 публиката ќе може да влезе во редакцијата на Фчерашни каде „новинарите" се подготвуваат за „вестите".

Публиката ќе има можност од поблиску да ги запознае, Уредникот Номче, Менде Гибнатио, Јелисафета Крстиќ Поп Мајбах, Ацо (водителот), Мајстор Рубин, Маја и Џемаил.

И оваа 5та сезона, со Фчерашни новости остануваме чекор зад сите!

Перо Антиќ во „Еден на Еден“ прозборе за приватниот живот и за ноќта кога го привеле во Њујорк

Перо Антиќ во „Еден на Еден“ прозборе за приватниот живот и за ноќта кога го привеле во Њујорк.

За искуството во НБА и во европските клубови, за ноќта кога го привеле во Њујорк, за страста кон автомобилите, за моментот кога го нокаутирал Џејмс Леброн. Ова се само дел од темите кои кошаркарската легенда Перо Антиќ ги раскажа во емисијата „Еден на Еден“ со Жаре.

Антиќ и Жаре муабетеа и за приватниот живот на Перо, за синовите Лука, Павел и Петар, а шоуто го развеселија и игрите кои од оваа сезона повторно се враќаат.

Премиерата на првата емисија од 11. сезона на „Еден на еден“, гледајте ја во недела, на 27 октомври, во 18.30 на Канал 5. Мал дел од амтмосферата на снимањето ви пренесуваме во најавата за мисијата.