Ново

Град Скопје со тим од кучиња ќе се справува со несовесните шофери (видео)

Град Скопје реши да ги изненади граѓаните на централното градско подрачје со нова мерка која се очекува да вроди со плод. Имено, тие формирале тим  на кучиња кои имаат за цел да ги предупредат шоферите, со лаење, кога истите возат над дозволената брзина додека поминуваат низ центарот на градот.

Не успеавме да направиме интервју со еден од претставниците на куче-тимот, но од извори блиски до градот Скопје дознавме дека доколку и покрај оваа мерка шоферите и понатаму возат пребрзо и не ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, кучињата ќе бидат дресирани да пишуваат и казни.