Ново

Кога ќе ти се стават досадни музичари на маса

Скоро и да нема некој на кој не му се десило досадни музичари во кафана да му се стават на маса, па те замараат „дај кажи песна“, „што да ви отпееме“ и сл, а ти само сакаш да се напиеш како човек со другарите. Епа виолинистов исто мисли дека лавицата уствари ужива во музиката, а од друга страна таа само сака тој да престане да замара.

Убаво е да си тапанар

Без разлика колку песната и изведувачот се добри или не, музичарите во позадина, кои понекогаш се ставени само како декор, уживаат во својот перформанс. Дечково е еден од тие. Изгледа ептен е убаво да си тапанар.