Вистинските спортисти се познаваат во вакви случаи

Кенет Кипкемои колабрира пред самиот крај на трката од 10 километри во Кенија. Спортското срце не го остава да се откаже иако не може да стои на нозе, па пробува со лазење да ја помине целта. За негова среќа го забележува Симон Чепрот, тркач од Кенија кој веќе еднаш има победено на истата трка. Симон ја пропушта шансата вторпат да победи и да освои златен медал само за да му помогне на Кенет да ја помине целта. Сепак, за неговиот спортски потек е награден со 15,000 долари од организаторот.