Кои лектири ќе се читаат ова лето?

Како што привршува учебната година така почнува и летото, но летото не би било лето без обврски од читатка природа. Кои лектири ќе бидат најчитани, а со тоа и најбарани, ова лето, ви откриваме во Фчерашни новости.



Во последната епизода од четвртата сезона дознаваме и зошто културно уметничкото друштво „Весели бардачиња“ протестира на штотуку отворениот автопат Миладиновци - Штип.

Ланчо Пашазотов го направи можеби најбитното интервју во својата кариера во канцелариите на СЈО. Дознајте ги одговорите на прашањата кои сите си ги поставуваат, а одговорите никако да ги добијат.

Имајте убаво лето, а ние се гледаме од септември.

Од управата на
ФН

Еден на Еден специјал со Сергеј, Тимур и Столе

Сергеј Самсоненко одлучил дека ќе остане во Македонија по само 4-5 дена откако првпат ја посетил земјата. Столе Стоилов не можел да го поднесе Филип Лазаров, а Тимур Дибиров до толку го сакал Вардар што одбил многу повисока плата од ПСЖ.

Ова се само дел од работите кои низ сезоните на Еден на Еден ни ги откриле нашите гости.

Во чест на освојувањето на европскиот ракометен врв, ве потсетуваме на најинтересните моменти со Вардарци.

Епизодата веќе е на „Јутјуб“: