Ново

Еден на Еден специјал со Сергеј, Тимур и Столе

Сергеј Самсоненко одлучил дека ќе остане во Македонија по само 4-5 дена откако првпат ја посетил земјата. Столе Стоилов не можел да го поднесе Филип Лазаров, а Тимур Дибиров до толку го сакал Вардар што одбил многу повисока плата од ПСЖ.

Ова се само дел од работите кои низ сезоните на Еден на Еден ни ги откриле нашите гости.

Во чест на освојувањето на европскиот ракометен врв, ве потсетуваме на најинтересните моменти со Вардарци.

Епизодата веќе е на „Јутјуб“: