Ново

Зошто Здравко не може да добие отказ од една наша државна компанија!?

Од срцепарателни вести никогаш доста, ама таква е нашата држава. Здравко е вработен државно со врски, но тој повеќе не сака да работи под државна капа, ама шефот не му дава отказ ради лични причини. Целата сторија, која препорачуваме да ја гледате во присуство на рамо за плачење, погледнете ја на Фчерашни. 

Воедно, фчерашни новости во својата најнова епизода ексклузивно за своите фанови дознаваат како помина инаугурацијата на новиот претседател Стево Пендаровски и зошто на истата не беше присутен премиерот Зоран Заев, а како Стево се чуствуваше по тој повод.


Во период на матурски вечери и гужви низ градот, Фчерашни успеаја да дојдат и до алманахот од најуспешните матуранти за изминатата година. Слушнете ги нивните песнички и по што тие матуранти се прославиле.

Кој дозволува да се вози лудо низ населба Ѓорче Петров!?

Жителите на населба Ѓорче Петров се жалат дека секоја вечер се вози лудо низ нивната населба. Еден револтиран граѓанин дури снимил и видео запис за даго докаже тоа. Ова е за доживотно одземање на возачката дозвола и затвор од неколку години, додека не им дојде памет.

Чола во „Еден на Еден“: Никогаш доста внимание за жените

Искрено кажувам, многу бев страмежлив во основно училиште, може и затоа почнав да пеам , за да ме забележат девојките. Ова во вчерашната епизода на „Еден на Еден“ го откри Здравко Чолиќ, кој по вторпат сезонава гостуваше во популарното ток-шоу.

На прашањето дали има некоја стратегија околу жените или дали некогаш воопшто му било потребна или едноставно кај него девојките секогаш доаѓале сами, во негов шармерски стил одговара дека жените заслужуваат секогаш да се трудиш за нив.

- Жените се најсуптилните и најубавите суштества. Секогаш треба на жените да им посветиме максимално внимание, за нив никогаш не е доста. Жените секогаш биле над нас. Сме тргнале од матријархат, за да стигнеме до некаков патријархат, но тоа полека ќе помине како што жените напредуваат и пак стануваат поважни од нас. Тоа е иднината - рече Чолиќ.

Балканската ѕвезда кај Жарко Димитриоски зборуваше и за неговите бизниси, за кои во еден период дури и морал да купува девизи во Македонија, пари кои подоцна му пропаднале. Чола раскажа и за деновите кога првпат сватил дека е ѕвезда и советот од Горан Бреговиќ околу неговата кариера.

Но, она што најмногу му се допадна на публиката која во преполното студио седеше и на земја, беше можноста да се чуе Чола како пее во живо.

За оние кои ја пропуштија, ова е новата „Еден на Еден“ епизода со Здравко Чолиќ:

Во недела, од 18.30 на Канал 5 телевизија, една недела пред фајнлфорот во Келн, во „Еден на Еден“ гостува единствениот Тимур Дибиров