Ново

Чола во „Еден на Еден“: Никогаш доста внимание за жените

Искрено кажувам, многу бев страмежлив во основно училиште, може и затоа почнав да пеам , за да ме забележат девојките. Ова во вчерашната епизода на „Еден на Еден“ го откри Здравко Чолиќ, кој по вторпат сезонава гостуваше во популарното ток-шоу.

На прашањето дали има некоја стратегија околу жените или дали некогаш воопшто му било потребна или едноставно кај него девојките секогаш доаѓале сами, во негов шармерски стил одговара дека жените заслужуваат секогаш да се трудиш за нив.

- Жените се најсуптилните и најубавите суштества. Секогаш треба на жените да им посветиме максимално внимание, за нив никогаш не е доста. Жените секогаш биле над нас. Сме тргнале од матријархат, за да стигнеме до некаков патријархат, но тоа полека ќе помине како што жените напредуваат и пак стануваат поважни од нас. Тоа е иднината - рече Чолиќ.

Балканската ѕвезда кај Жарко Димитриоски зборуваше и за неговите бизниси, за кои во еден период дури и морал да купува девизи во Македонија, пари кои подоцна му пропаднале. Чола раскажа и за деновите кога првпат сватил дека е ѕвезда и советот од Горан Бреговиќ околу неговата кариера.

Но, она што најмногу му се допадна на публиката која во преполното студио седеше и на земја, беше можноста да се чуе Чола како пее во живо.

За оние кои ја пропуштија, ова е новата „Еден на Еден“ епизода со Здравко Чолиќ:

Во недела, од 18.30 на Канал 5 телевизија, една недела пред фајнлфорот во Келн, во „Еден на Еден“ гостува единствениот Тимур Дибиров