Ново

Фчерашни новости дознаваат какви последици носи циклонот Андреа!?

Од ексклузивности никогаш доста. Фчерашни новости во новата епизода за вас ќе направат интервју со дежурниот метеоролог за последиците од циклонот Андреа.

Ќе дознаете како помина свечената инаугурација на новиот претседател на Република Северна Македонија и кој измислува толку тешки зборови како инаугурација.

На крај ќе ве потресеме со сторија за човек до неодамна вработен во државна компанија и што тој прави сега и зашто!?

 

И нај на крај, Менде Гибнатиот бара камерман кој има учено камера без врски.

Недела 19:30 часот на канал 5 телевизија. Се гледаме.

Во Сараево ме забележаа дури кога излегов на насловната на македонски „Екран“

Сараево е многу слично како Скопје, домашните те забележуваат дури кога ќе излезеш на странски насловни страни. Ова не било исклучок ни во случајот на денес балканската мегаѕвезда Здравко Чолиќ, кого во Сараево почнале повеќе да го забележуваат дури кога за него се пишувало во останатите југословенски магазини, меѓу кои и македонски „Екран“.

Во недела легендарниот Чола гостува во „Еден на Еден“ и таму открива доста вакви интересни случки од неговата кариера. 

Тој признава дека најголемата мана му е неодлучноста.

- Можеби затоа што сум Близнак во хороскоп. Пример, со мојата сегашна жена се забавувавме 11 години, а не можев да се одличам дали да се женам или не, се смее Чолиќ.

Чолиќ зборува за своите обиди како бизнисмен и времето кога отворил компанија за телефонски двојници, но и за тоа што би работел доколку не бил пејач.

Не ја пропуштајте епизодата во која специјално ќе запее неколку песни во недела од 18.30 на Канал 5.