Како пратениците ја користат теретаната во Собранието!?

Фчерашни новости ексклузивно влегоа во теретаната на Собранието за да видат како се искористени нејзините капацитети од страна на пратениците.

Од нерешиви мистерии, Фчерашни откриваат зошто реизот на исламската верска заедница ги нарече Македонците дивјаци.

Епизодата не би била тоа што е ако првата берберска ножица во градот, Путец, не даде свој осврт на случувањата од неделата.

Недела 19:30 часот, на Канал 5 телевизија. Бидете таму.

Силјановска Давкова и Пендаровски се согласија за една работа во „Еден на Еден“

Гордана Силјановска Давкова игра рокенрол, а Стево Пендаровски прави квиз за НБА - во екот на политичката кампања, „Еден на Еден“ е местото каде што претседателските кандидати ќе може да ги видите во вакво светло.

Во недела, професорите ќе ја покажат својата позабавна страна, која не е поврзана со политиката. И двајцата ќе ги откријат Топ 5-те причини зошто токму тие треба да бидат идниот македонски претседател, но и што мислат за сите досегашни наши претседатели. Мал хинт: за Бранко Црвенковски и двајцата употребија еден ист збор.

Силјановска Давкова ќе зборува за детството, патувањата, медитацијата, но ќе покаже и дека и денденес знае одлично да танцува:

НБА фан и љубител на добар рокенрол, се само дел од работите кои Пендаровски ќе ги открие за себе:

„Еден на Еден“ епизодата со Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски ќе се емитува оваа недела, 14 април, од 18:30 часот на Канал 5 телевизија.