Ново

Силјановска Давкова и Пендаровски се согласија за една работа во „Еден на Еден“

Гордана Силјановска Давкова игра рокенрол, а Стево Пендаровски прави квиз за НБА - во екот на политичката кампања, „Еден на Еден“ е местото каде што претседателските кандидати ќе може да ги видите во вакво светло.

Во недела, професорите ќе ја покажат својата позабавна страна, која не е поврзана со политиката. И двајцата ќе ги откријат Топ 5-те причини зошто токму тие треба да бидат идниот македонски претседател, но и што мислат за сите досегашни наши претседатели. Мал хинт: за Бранко Црвенковски и двајцата употребија еден ист збор.

Силјановска Давкова ќе зборува за детството, патувањата, медитацијата, но ќе покаже и дека и денденес знае одлично да танцува:

НБА фан и љубител на добар рокенрол, се само дел од работите кои Пендаровски ќе ги открие за себе:

„Еден на Еден“ епизодата со Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски ќе се емитува оваа недела, 14 април, од 18:30 часот на Канал 5 телевизија.