Зошто Фчерашни новости беа во Охрид!?

Екипата на „Фчерашни новости“ тркна до бисерот на Балканот, Охрид, за да дознае каква мерка презела локалната власт и по кој повод.

Со почетокот на пролетта, освен цвекињата, расцутеа и поетите, а фчерашни не би биле тоа што се ако не дознаат како помина денот на поезијата во Македонија.

Од шокантни вести го имаме анонимниот Ланчо и неговиот гостин во новата епизода на „Македонски аутсајдер“.

Терминот не е мој, ама ни е постојан. Недела 19:30 часот, на канал 5 телевизија.

Се гледаме.

Првиот подарок за свадбата Ковачевиќ го доби во „Еден на Еден“

Бројни обожавателки вчера чекаа пред студиото на „Еден на Еден“ каде се снимаше епизодата со Саша Ковачевиќ. Српскиот пејач беше пречекан со многу љубов од сите присутни во публиката, но не остана само на тоа.

Две верни обожавателки, на Ковачевиќ му донесоа подарок за неговиот нов ресторан во Белград.

Ковачевиќ во „Еден на Еден“ зборуваше и за новиот бизнис, снимањето низ Марокo, но и девојката и неговата улога како татко.

Епизода која не смее да се пропушти -- гледајте „Еден на Еден“ во недела од 18:30 часот на Канал 5 телевизија.