Кога Дарко Панчев беше дел од „Куку Леле“

Од Рио преку Рим до Тајланд, Роберт Саздов секогаш знаел да одбере неверојатна локација за видеоспотовите. Човекот кој стои позади најкултните хитови на „Куку Леле“ и „Ластовица“, како и голем дел од
македонската музичка историја, во „Еден на Еден“ зборуваше за времето кога заедно со Владо Јаневски, а подоцна и со Панки, ги освојуваатоп-листите.

Саздов ексклузивно ја пушти првата верзија на „Црно тиквешко“, кога Владо Јаневски ја испеа на музиката од „Кучка неверна“. Композиторот потсети и на времето кога го натера Дарко Панчев да испее негова
песна, кога фудбалерот беше на врвот на својата кариера. Тој раскажуваше за
патувањата и сниимањата низ светот, како и новиот албум на „Куку леле“ кој наскоро излегува во продажба.

Доколку го пропуштивте гостувањето на Роберт Саздов кај Жарко Димитриоски, епизодата веќе е достапна на „Јутјуб“: