Ново

Како звучи „Црно тиквешко“ испеана на музиката од „Кучка неверна“?

Човекот кој стои позади најкултните хитови на „Куку Леле“ и „Ластовица“, како и голем дел од македонската музичка историја во недела го гледаме во „Еден на Еден“. Композиторот Роберт Саздов зборува за времето кога заедно со Владо Јаневски, а подоцна и со Панки, ги освојуваа топ-листите.


Како звучи „Црно тиквешко“ испеана на музиката од „Кучка неверна“ или од каде се оние масерки во спотот на „Пушиме“? За Тајланд, Рио, патувањата и сниимањата низ светот, како и новиот албум на „Куку леле“
кој наскоро излегува во продажба. Не го пропуштајте едночасовното гостување на Роберт Саздов кај Жарко
Димитриоски. „Еден на Еден“ во недела од 18:30 на „Канал 5“.