Каде се ќе се употребува новата национална придавка?

Со промената на името од Република Македонија во Република Северна Македонија, институциите на државата исто така го сменија името од македонски во национални. Фчерашни открива како таа придавка ќе се употребува и во секојдневните места исполнети со народ, попознати како кафана.

Од другите побитни вести во Фчерашни Новости издвојуваме:

- Кој го следи претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и зошто претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова снима видеа со мобилен?
- Зошто се видоа Зоран Заев и Христијан Мицковски на Прочка и што си кажаа?
- Што се и фали на државава?


Додека се спрема новата епизода на „Фчерашни Новости“, ѕирнете ги на фејсбукинстаграм или fn.mk

Што имаат заедничко Александар Македонски и Грендмастер Флеш?

Верувале или не, Александар Македонски е вечна инспирација за американскиот диџеј Грендмастер Флеш. Добитникот на Полар наградата за 2019 година и член на Куќата на славните во рокенрол, во вчерашното гостување во „Еден на Еден“ призна дека Александар Македонски секогаш го сметал за свој идол, а еве и зошто:

Грендмастер Флеш го нарекуваат и таткото на хип-хопот, затоа што бил првиот што некогаш ставил прст на плоча и го довел спојот на техника и музика на едно сосема ново ниво.

Овој пионер во музиката соработувал со имиња како Крис Рок, Џеј Зи, Блонди, а во „Еден на Еден“ раскажува за возбудливата њујоршка музичка сцена и патот до врвот. Целата епизода наскоро ќе биде достапна на „Јутјуб“