Ново

Грендмастер Флеш: Александар Македонски ми е идол

Добитникот на Полар наградата за 2019 година и член на Куќата на славните во рокенрол, Грендмастер Флеш доаѓа во „Еден на Еден“.

Американскиот диџеј го нарекуваат таткото на хип-хопот, затоа што бил првиот што некогаш ставил прст на плоча и го довел спојот на техника и музика на едно сосема ново ниво.

Овој пионер во музиката соработувал со имиња како Крис Рок, Џеј Зи, Блохди, а во „Еден на Еден“ раскажува за возбудливата њујоршка музичка сцена и патот до врвот.

Грендмастер Флеш открива и дека отсекогаш го гледал Александар Македонски како свој идол.

Не го пропуштајте ова одлично издание на „Еден на Еден“ во недела од

18:30 на Канал 5 телевизија.

 

Што добија за празникот на жената работничките од една позната фабрика?

8 март е најбитниот ден на жените од целиот свет, но што добија работничките од една позната фабрика кај нас по повод тој ден? Воедно, во новата епизода на „Фчерашни новости“ дознаваме и за успешната приказна на едно јавно македонско претпријатие и кои се неговите нови предизвици? Омилениот бербер Путец е повторно со нас со нови инсајдерски информации и теории на заговор.