Драган Марковиќ Палма напаѓа пак

И претходно сме пишувале за поранешниот градоначалник на Јагодина, Драган Марковиќ - Палма, кој „знае“ како да се постави со гласачите и да биде во центарот на вниманието. Овојпат на некаква општинска прослава ги тера каратистите да покажуваат кати додека тој им е спаринг партнер, а во позадина иде шабанска музика. Ова не може да се измисли и да сакаш.