Ново

Американскиот амбасадор Џес Бејли се појави во Фчерашни Новости

Дваесет и петата епизода на „Фчерашни новости“ ни донесе многу гости. За првпат американскиот амбасадор Џес Бејли се појави во прилог на Фчерашни, а двајца талентирани млади актери, Стефан Вујисиќ и Александар Михајловски, земаа учество во новата рап песна.

Од другите вести издвојуваме:

- Како Мира го реши проблемот со непотизмот?
- Кој победи на македонските оскари?
- Новото македонско шоу: Македонски Аутсајдер


Додека се „крчка“ следната епизода, можете да ги следите Фчерашни на фејсбукинстаграм или на fn.mk

Вистинската причина зошто се растури „Бјело дугме“

Во вчерашната епизода на „Еден на Еден“ се потсетивме на најинтересните моменти од изминатите неколку изданија, но имавме можност и да ги погледнеме разговорите кои досега не беа објавени во етер.

Горан Бреговиќ зборуваше за времето кога беше дел од „Бјело дугме“ и вистинската причина зошто бендот се растури. Слично како мама Тамара и Хана уште од мали нозе го фати микрофонот.

Епизодата веќе е достапна на „Јутјуб“:

За следната емисија екипата на „Еден на Еден“ подготвува ретко интервју со Владо Јаневски. Не го пропуштајте шоуто во недела од 18:30 на „Канал 5“ телевизија

Фчерашни новости со хет-трик на „Златна бубамара на популарноста“

Фчерашни новости по трет пат ги освоија симпатиите на публиката и се закитија со златна бубамара за ТВ забавно-сатирична емисија за 2018 година.



И додека екипата ги собира впечатоците од „Златна бубамара на популарноста“, во новата епизода ќе може да погледнеме:


Во каква акција се впуштија овојпат Алфа и Буби;

- Експертиза на Путец за случувањата во земјата;

- Фчерашни на терен дознаваат каква е атмосферата во јавниот сообраќај

Недела, 19:30 часот на Канал 5 телевизија. Бидете таму.